Македонија и Србија ќе соработуваат во областа на метрологијата

Bez autora
Jul 25 2012

Македонија и Србија во иднина ќе соработуваат во областа на метрологијата, која претставува еден од клучните елементи во изградбата на инфраструктурата на една држави. За таа цел во вторникот во Белград беше потпишан меморандум за соработка меѓу Бирото за метрологија на Република Македонија и Дирекцијата за мерки и скапоцени метали на Република Србија. Потпишувањето на овој меморандумот претставува поттик за продлабочување на соработка меѓу институциите, отвара можности и перспективи, пред се од аспект на размена на информации и искуства од областа како на научната така и во законската метрологија, преку организација на меѓусебни посети на експерти, организација и учество на семинари, работилници, во насока на јакнење на капацитетите на институциите.

Потпишан меморандум за соработка со СрбијаМакедонија и Србија во иднина ќе соработуваат во областа на метрологијата, која претставува еден од клучните елементи во изградбата на инфраструктурата на една држави.

За таа цел во вторникот во Белград беше потпишан меморандум за соработка меѓу Бирото за метрологија на Република Македонија и Дирекцијата за мерки и скапоцени метали на Република Србија.

Потпишувањето на овој меморандумот претставува поттик за продлабочување на соработка меѓу институциите, отвара можности и перспективи, пред се од аспект на размена на информации и искуства од областа како на научната така и во законската метрологија, преку организација на меѓусебни посети на експерти, организација и учество на семинари, работилници, во насока на јакнење на капацитетите на институциите.

Метролошкиот систем и Бирото за метрологија како национална метролошка институција се клучна основа за инфраструктурата на државата и една од најзначајните потпори на научниот и технички прогрес.

Основните функции на Бирото за метрологија се директно или индиректно обезбедување на заштитата на животната средина и природата, општата техничка безбедност, непречената размена на стоки и услуги, заштитата на потрошувачите.

Бирото за метрологија, досега има остварено соработка со Националниот Институт за метрологија на Република Турција (ТУБИТАК УМЕ), Генералниот Директорат за метрологија на Република Албанија (ДПМ) и Институтот за метрологија на Република Словенија (МИРС) и Институтот за метрологија на Република Бугарија (БИМ).

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik